MICROSOFT OFFICE SPECIALIST СВЕТСКИ НАТПРЕВАР 2017

 

Што претставува MOS Национален Натпревар?

Certiadria (официјален партнер на Certiport за Македонија и регионот) оваа година по втор пат ќе го организира Националниот Натпревар Microsoft Office Specialist, во кој натпреварувачите ќе имаат можност да ги покажат своите вештини во познавање на Microsoft Office апликациите, како што се Microsoft Office Word, Excel и PowerPoint (2013 or 2016). Победниците на Националниот Натпревар ќе се стекнат со можност да учествуваат во Светскиот Натпревар Microsoft Office Specialist 2017.

 

Што претставува MOS Светски Натпревар?

Светскиот Натпревар Microsoft Office Specialist, организиран од Certiport Inc., претставува глобален натпревар кој ги тестира вештините на учесниците во Microsoft Word®, Excel® и PowerPoint® од MS Office 2013 или MS Office 2016. Со учество на овој натпревар добиваш одлична прилика да ги покажеш своите вештини, да се забавуваш, да оставиш впечаток кај другите учесници, да ја претставуваш Македонија во светот и да стекнеш големо признание.

 

Каде ќе се случува?

Светскиот натпревар за Microsoft Office Specialist се одржува 14 години по ред, секоја година во САД. Оваа година ќе се одржи во Анахаим, Калифорнија.


Погледнете го ова кратко промотивно видео за MOS Светскиот Натпревар 2017 година.

Кој сè може да се натпреварува?

Право на апликација и учество имаат сите ученици од основните и средните училишта, како и сите студенти на факултетите кои се на возраст помеѓу 13 и 22 години, заклучно до 15ти јуни, 2017 година.

Како до испит?

Натпреварот ќе се одржува во Скопје и иво повеќето градови ширум Македонија. За повеќе информации околу тестинг центарот најблиску до вашето место на живеење пишете ни на contact@certiadria.com. Цената на еден испит изнесува 1800 денари.

Кои испити е потребно да се положат за учество?

Одбери еден од следните испити, полагај и учествувај!

  • Microsoft Office Specialist Word 2013
  • Microsoft Office Specialist Excel 2013
  • Microsoft Office Specialist PowerPoint 2013
  • Microsoft Office Specialist Word 2016
  • Microsoft Office Specialist Excel 2016
  • Microsoft Office Specialist PowerPoint 2016

 

Кои се наградите?

Најдобрите имаат можност да освојат многу вредни награди, а победникот на натпреварот се стекнува со награда да ја претставува Македонија на светскиот натпревар за МОЅ во Анахаим, Калифорнија, САД. На овој натпревар, претставникот од Македонија ќе се натпреварува и ќе може да освои некоја од следните награди:

 

MOS Medal

1во место 

7500 $ Стипендија за Office 2016

5000 $ Стипендија за Office 2013

Медал за достигнување

Пехар

Победнички сертификат

Други награди од Microsoft 

 

MOS Medal

2ро место 

3750 $ Стипендија за Office 2016

2500 $ Стипендија за Office 2013

Медал за достигнување

Победнички сертификат

 

MOS Medal

3то место 

1500 $ Стипендија за Office 2016

1000 $ Стипендија за Office 2013

Медал за достигнување

Победнички сертификат 

 

Кој е начинот на натпреварување?

Националниот натпревар во Република Македонија ќе се состои од два круга. Првиот квалификациски круг ќе се одржи во средни училишта, факултети и тренинг центри ширум земјата. Најдобрите од овој круг влегуваат во финалниот натпревар, кој ќе се одржи во Скопје кон крајот на мај, 2017 година, и на кој победниците ќе можат да се стекнат со многу вредни награди. А најважното од сè ќе биде избран најдобриот натпреварувач за да ја претставува Македонија, да го претстави своето училиштето и најбитното од сè да се претстави себеси на Светскиот Натпревар во Анахаим, Калифорнија.

Prijavi se 

Кои се крајните рокови за пријавување?

Последниот рок за полагање на испитите е 15 мај, 2017 година.

 

Бенефит за учесниците

Сите учесници на Националниот Microsoft Office Specialist натпревар кои ќе ги положат испитите се стекнуваат со официјални сертификати кои ги доделува Microsoft. Овие сертификати се признаени насекаде во светот, се доживотно трајни и претставуваат олеснување при запишување во средно училиште или на факултет, но и олеснување во потрага по ново работно место.

 

CertiAdria ви посакува успеси во Националниот Microsoft Office Specialist натпревар!

MOS WC Logo